Автомобилски кластер на Македонија за промоција на своите членови продолжи со спроведување на своите активности кои се насочени кон раст и развој на македонската автомобилска индустрија. Имено, во Македонија престојуваат претставници на реномираниот гигант во автомобилската индустрија Webasto. Посетата се должи на одлично воспоставената соработка помеѓу Автомобилскиот кластер на Македонија и компанијата Webasto. Првичните контакти со Њебасто беа направени во февруари годинава при посетата на директорот на кластерот, Владимир Тевдов на оваа компанија. За време на посетата беше презентирана состојбата на македонската автомобилска индустрија (бројот на компании, поделба на компаниите по големина, извоз на компаниите по држави и слично), при што од страна на надлежните на Webasto беше искажана заинтересиранот за соработка со пет македонски компании.
Автомобилски кластер на Македонија за промоција на своите членови продолжи со спроведување на своите активности кои се насочени кон раст и развој на македонската автомобилска индустрија.
Имено, во Македонија престојуваат претставници на реномираниот гигант во автомобилската индустрија Webasto.
Посетата се должи на одлично воспоставената соработка помеѓу Автомобилскиот кластер на Македонија и компанијата Webasto. Првичните контакти со Њебасто беа направени во февруари годинава при посетата на директорот на кластерот, Владимир Тевдов на оваа компанија.
- За време на посетата беше презентирана состојбата на македонската автомобилска индустрија (бројот на компании, поделба на компаниите по големина, извоз на компаниите по држави и слично), при што од страна на надлежните на Webasto беше искажана заинтересиранот за соработка со пет македонски компании. Во моментов тече посетата на преставниците на Њебасто на петте македонски компании - произведувачи на сигурносни појаси, алати, пластични и алуминиумски делови. Постои голема заинтересиранот за соработка, и јас лично се надевам дека во блиска иднина овие компании ќе бидат дел од ланецот на добавувачи на Webasto - изјави Тевдов.
Автомобилски кластер на Македонија веќе оствари слични средби со компаните Фиат - Србија, Фолксваген, Мерцедес, Бош, Континентал, а врз основа на ваквото делување на кластерот во последните месеци во Македонија веќе присуствуваа претставници на БМВ и Магна.